Берово Хестиа Апартмани

На само 7 км. од Берово, на месноста наречена Лаки, на регионалниот пат Р-527 -Кочани-Виница-Берово-Клепало (граничен премин), се наоѓа Беровско езеро. Возејќи се по патот, со првото здогледување на Беровското езеро, на само 50 метри, од вашата лева страна се наоѓаат Берово Хестиа апартманите кои се изградени 2012 година. Објектот располага со 3 апартмани (4 возрасни), 2 студија (3 возрасни или 2 возрасни и 2 деца) и 2 соби (2 возрасни). Секоја од собите е комплетно луксузно опремена, со сопствена тераса за релаксирачки одмор, WC, ТВ, минибар и Wi-Fi. Апартманите и студијата се опремени со чајна кујна, а на располагање е и заедничка просторија-ресторан со кујна опремена со шпорет со рерна, фрижидер и машина за перење на садови.

За децата е обезбедено посебно катче во кое можат безбедно да си играат додека возрасните уживаат во дружењето и консумирањето на вкусните традиционални малешевски специјалитети, скара и готвени јадења, поткрепени со малешевска сливова ракија.

За Берово

Во пазувите на Малешевската котлина, на двете страни на реката Брегалница, на надморска височина од 670 до 1050 метри сместено е градчето Берово. Берово представува "воздушна бања" и е град со највисока концетрација на кислород во воздухот на балканот, со средна годишна температура од 11,1 °С. Се наоѓа на 171 км. југоисточно од главниот град на Република Македонија – Скопје, 174 км. југозападно од главниот град на Република Бугарија и 175 км. северно од Солун, Република Грција, каде што се наоѓаат и најблиските аеродроми. Најблиската железничка станица се наоѓа во Кочани, оддалечена 58 км. од Берово, а најблиското пристаниште е во Солун.

Повеќе...

Што да правите во Берово

Берово е идеално место за сите љубители на природните убавини, спорт и рекреација. Во градот има две спортски сали и повеќе игралишта кои се соодветни за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други спортски игри.

Малешевските планини се богати со разновидна флора и фауна. Постои и можност за лов на разни видови на дивеч. Беровското Езеро изобилува со разни видови на риби, што може да биде доста примамливо за рибарите. Исто така на Езерото се организираат и натпревари по кајакарство кои што можат да станат голема атракција за туристите.

Повеќе...