Календар на културни настани

На 20 Јануари во с. Ратево се одржува Ратевскиот карневал "Бамбурци", културна манифестација, која е директно поврзана со верскиот празник "Собор на Свети Јован Крстител" - Јованден. Покрај традиционалниот настап на "Ратевските бамбурци", карневалот е збогатен со презентација и на други активности, поврзани со традиционалните обичаи во Малешевијата во зимскиот период, како што се: обичајот "Најатка" (донесување дрвце и давање подарок на децата), обичајот "Прошка" - голем копен (Стреловиште).

Април - Велигден. Избор на најцврсто и најубаво декорирано јајце

Велигден е христијански празник со голема традиција во општина Берово. Секоја година на Велигден се организира манифестација за избор на најцврсто јајце "качор" и за најубаво украсено јајце. Манифестацијата е збогатена со културно-уметничка програма.

Ликовна колонија Берово

Ликовната колонија Берово континуирано се организира од 2003 година и има меѓународен карактер, со учество на уметници од Македонија, Бугарија и Србија. Делата секоја година се изложуваат во Берово, како и во повеќе градови низ Македонија.

Меѓународен фолклорен фестивал Малешевски фолклорни средби

Секоја година во месец август во Берово се организира меѓународен фолклорен фестивал, на кој домаќин е КУД Димитар Беровски од Берово, а земаат учество фолкорни состави од Р. Македонија, Р. Бугарија, Р. Србија и пошироко.

2-ри Aвгуст Вршник

Општина Берово по многу години го врати традиционалното прославување на Илинден во село Русиново во чест на Комитите и Револуционерно- то минато. Преку "Вршник" општината ги врати своите искони и минато, херојството и непоколебливоста да учествува во сите ревулуционерни збиднувања. Овој традиционален настан има за цел да ја визуелизира традицијата, да го доближи културното наследство до современието. На настанот може да се осети животот од минатото, да се види како изгледале војводите, но и може да се почувствува вкусот на традиционалната храна. На 2 август во с. Русиново пулсираа спомените за славниот Илинден, преку изведбите на старите македонски песни, препознатливото македонско оро и аматерски театарски изведби. Исто така, на 2-ри Август во селото Будинарци се организира заеднички ручек "курбан" на кој присуствуваат сите жители на селото, како и оние кои заминале својата среќа да ја бараат надвор од селото, а сепак во срцето го носат селото Будинарци

23-ти август Ден на општина Берово

Денот на ослободувањето на Берово е празник кој е проследен со традиционален вечерен концерт како и низа на културни настани во текот на денот меѓу кои и изложба на дела од Ликовната колонија.

Страна 2
Etno Square Festival Рели Etno Square Festival Ратевски Бамбурци Велигден