Пешачки Патеки

Патека 1: Трансверзална патека која ги поврзува најјужниот и најсеверниот дел на Малешевијата со вкупна должина 45 километри и искачување на висинска разлика од 730 метри. Време на минување 12 часа. Заради должината и траснсверзалниот карактер на патеката препорачливо е користење на локани водачи.

Патека 2: Од Беровско Езеро, преку Бабин Чукар и с. Ратево до крајната дестинација Берово, со вкупна должина од 21,5 километри и време на минување 6-7 часа. Патеката минува преку повеќе бачила и препорачлива е придружба од локални водачи. Најголема висинска разлика на качување е 400 м.н в со незначителни осцилации и постепено искачување.

Патека 3: Започнува од туристичка населба Беровско езеро со првично качување до врвот Шабан и минува преку висорамнински живописни шумски предели од бел бор кој постепено преминува во букова шума. Преку Бабин Чукар се враќа назад, преку пространи пасишта и ретка борова шума низ с.Ратево до Берово. Вкупната должина на патеката е 25,6 километри, а време на минување е 7 часа. Патеката минува преку повеќе бачила и препорачлива е придружба од локални водачи.

Патека 4: Од Берово (Јуовец) преку туристичката населба Абланица до Беровското езеро е реализирана во рамки на проектот "По патеките на дедо". Вкупната должина на патеката изнесува 6 км. Патеката поминува низ рамнински и шумски предели преку реката Брегалница под крошните на многубројните дабови, букови и борови дрвја. По текот на патеката ќе уживате во богатството од лековити билки и шумски плодови. Патеката е обезбедена со две места за одмор каде можете да земете здив на свежиот воздух и е адаптирана за возење велосипеди.

Патека 5: Патеката / врвицата на илинденците е местото на кое во 1906 година загинал големиот револуционер Дамјан Груев. Патеката е долга 15 километри. Се минува за 5 часа. Патеката поаѓа од с.Русиново преку Петлец и се враќа назад во с.Русиново.


Назад
Патека 1 Патека 2 Патека 3 Патека 4 Патека 5